ПОВЕЌЕ

    ЕЛЕНА ЦЕНЕВА СЕ ЗДОБИ СО ПРОФЕСИОНАЛНА МЕЃУНАРОДНА КВАЛИФИКАЦИЈА CITF И ГО СТЕКНА СЕРТИФИКАТОТ „CERTIFICATE IN INTERNATIONAL TRADE AND FINANCE”

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за документарно работење со големо задоволство известува дека Елена Ценева, специјалист за документарно работење во Секторот за логистика на продажбата, во НЛБ банка АД Скопје по успешно завршената обука „The International Trade Finance and Finance Environment”, се здоби со професионална меѓународна квалификација CITF и го стекна сертификатот „Certificate in International Trade and Finance”, доделен од престижниот Институт, The London Institute of Banking & Finance.

    Елена Ценева е единствена во нашата земја која се има стекнато со оваа квалификација.

    „Материјалот за учење беше предизвик, обемен, доста интересен, навлегувајќи  во доменот на меѓународната трговија, начините на финансирање, начините на плаќање, документите што се разменуваат во меѓународната трговија и договорите, банкарски услуги и инструменти, инволвирани страни и нивните улоги, значењето на меѓународните и државните институции во меѓународната трговија, документарни инструменти, приниципите и примената на „supply chain“, значењето на „compliance“ и спречување на перење на пари, управување со девизниот ризик, иновациите и дигитализацијата на финансиските пазари, сè тоа под фокусот на Trade Finance. Изобилуваше со конкретни факти, многу информации од меѓународната пракса и доста линкови за истражување и за поголема информираност.

    Оваа квалификација ми значи многу, претставува големо признание, мотив и огромна поддршка за понатамошните професионални ангажмани“, изјави Ценева.

    И честитаме на Елена за постигнатиот успех и ѝ посакуваме уште многу успеси во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично