ПОВЕЌЕ

    Соопштение од Стопанска банка за исплата на финансиска поддршка од Владата и ажурирање на клиенти

    Време зa читање: 4 минути

    Стопанска банка АД – Скопје и овојпат активно учествува во спроведувањето на неодамна усвоениот Закон за финансиска поддршка на граѓани со низок доход: корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
    Користејќи ја својата широкораспространета мрежа и овојпат Банката ќе им биде на располагање на граѓаните да ја добијат поддршката која е потребна во оваа тешка ситуација за сите.
    Поради зголемениот обем на посети на филијалите Банката го продолжува работното време и го зголемува капацитетот на филијалите во согласност со ограничувањата кои се во примена поради мерките за заштита од КОВИД – 19.

    Со објавата на конечната листа на корисници на www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните веќе можат, со внес на својот ЕМБГ, да се информираат ДАЛИ се дел од корисниците и ВО КОЈА БАНКА се упатуваат за да ги добијат средствата.

    За клиентите кои се упатени да се обратат во Стопанска банка АД – Скопје ги објавуваме овие корисни информации:
    • Согласно законот, Клиентите мора да ги имаат ажурирано своите податоците во Банката не подоцна од четврток 24. 12. 2020 за да можат да ги добијат средствата на располагање**.
      Доколку до 24. 12. 2020 не бидат ажурираат податоците, средствата од финансиската поддршка нема да бидат распоредени на нивната сметка, и според одредбите на Законот ќе бидат вратени на сметката на Владата на РСМ.

      • Банката испраќа СМС порака до клиентите кои имаат валиден мобилен телефонски број со информации за проектот
      • Ажурирањето на личните податоци се спроведува: во филијалите, преку контакт центарот (02)3100 109 и преку e-banking сервисот
    • Трансферот на средствата на сметките на клиентите ќе заврши во петок 25. 12. 2020, а ќе се спроведе САМО за клиенти кои ги имаат ажурирано своите податоци во Банката (или кои во меѓувреме ќе ги ажурираат).
      • Банката ќе испрати СМС порака до клиенти чии податоци се веќе ажурирани во Банката  дека нема потреба да доаѓаат во филијалите на Банката за нивно ажурирање, но и порака штом средствата ќе им бидат на располагање на сметката, веќе од вторник 22. 12. 2020
      • Поседување на картичка за користење на средствата НЕ Е ПОТРЕБНО и со префрлените средства на сметките клиентите можат неограничено да располагаат. Препорачуваме да не се подигнуваат средствата од филијала поради избегнување на гужви.
    • Малиот број корисници на финансиска поддршка кои немаат трансакциска сметка во Стопанска банка неопходно е најдоцна до четврток 24. 12. 2020 да посетат една од филијалите на Банката, и по идентификација со важечка лична карта да отварат трансакциска сметка.
    • за клиентите кои имаат блокирани сметки, Банката ќе отвори посебна наменска сметка на која ќе бидат префрлени средствата од финансиската подршка, од која овие лица ќе можат да ги подигнат средствата преку било која од филијалите на Банката најдоцна до петок 25. 12. 2020 во спротивно нема да можат да бидат користени. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади добиени по 25. 12. 2020

    Како и досега, поради спречување на ширењето на COVID-19 за влез во филијала, секој граѓанин мора да користи заштитна опрема за лице и да одржува прописно растојание пред влезот на филијалата.
    Апелираме да не се прават непотребни турканици, како и со претходниот проект и овојпат, сите клиенти ќе бидат услужени за што Банката ќе обезбеди дополнителен кадар и редарски службеници.

    Станува збор за проект од голем обем кој треба да се реализира во краток временски период и во тешки временски услови па трпението ќе биде неопходно кај сите.

    Сите информации во врска со проектот може да се најдат на веб страницата на Банката и не е потребно јавување во Контакт центарот кој веќе активно е вклучен во процесот на ажурирање на клиентите.

    Апелираме до јавноста и до сите клиенти на Банката во периодот кога ќе се спроведува проектот за финансиската поддршка на нашите сограѓани да се воздржат од посета на филијалите доколку не е неопходна и да ги користат другите канали за информирање и интеракција со Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично