На 15.12.2020 година истекува рокот на важноста на ваучерите за туризам. 117.359 граѓани добија ваучери за туризам кои имаа можност од 15ти Јули до 15ти Декември да ги искористат во 455 хотелско-угоститлески капацитети во Македонија.
Како се ближи крајниот рок на валидност на овие ваучери, се почесто е нивното користење од други лица. На социјалните медиуму, овие ваучери се нудат, продаваат и препродаваат по пониска цена. Најчесто ваучерот од 6000 денари, се продава по цена од 3000 до 4000 денари, или пак истиот се употребува за плаќање на сметка од богата софра во ресторан. Граѓаните преку социјалните мрежи, се информираат, споделуваат искуства и добиваат и даваат насоки каде и како во кој хотели и ресторани можат да се искористат.
”Од каде знаете дека може само да се руча,кога прашав викаа дека мора да се преспие? Јас бев во неделата и сум сигурна дека е така.А дали одбиваат пари за ноќевање како во другите ресторани,или целиот износ може да се троши за ручекот?Ваучерот се користи на едно место, дали ќе го изедете или не тоа е се’.Пари не се враќаат назад.” пишува порталот Тв Алфа.
Уредбата за користење на ваучери се злоупотребува и на тој начин што во туѓо име, неместо корисникот, ваучерот го користи друго лице. Не се знае кој спие, а кој плаќа посебно кај приватните станоиздавачи кои не проверуваат на чие име е ваучерот и кој го користи.
”Јас лично искористив ваучер од друга личност, а немаме исто презиме.Можеш и ти да си го искористиш ваучерот на другарка ти,само треба да имаш фотокопија од нејзина лична карта” пишува порталот ТВ Алфа
Има и такви кои ваучерот сакаат да го продадат, а како причина наведуваат дека парите ќе се донираат на фамилии за храна или пак ќе се употребат за купување на таблет за да се додели на дете кое нема услови да следи онлајн настава.