
На седницата одржана на 11.12.2020 година, Владата донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои се доделува помош на граѓаните.
„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.
По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Посетете ја интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk, и проверете дали исполнувате услови, за да добиете 6000 денари. Проверката се врши по следнава насока: Внесете го вашиот ЕМБГ, селектирајте го полето i’m not a robot, и потоа кликнете на Пребарај.
Иако денеска страницата не е комплетно функционална сепак проверката е започната.
Важно што треба да знаете е следново:
- Парите се наменети за ранливи категории.
- Нема да се изработуваат нови платежни картички, туку средствата ќе се исплатат на постоечка трансакциска сметка на граѓаните кои веќе поседуваат сметка во банка и дебитна картичка за користење на средствата од истата.
- За граѓаните кои немаат трансакциска сметка во банка, средствата ќе бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.
Аналитика









