ПОВЕЌЕ

    „Блумберг“: Маск е вториот најбогат човек на светот,  го претрка Гејтс

    Време зa читање: 2 минути

    Вртоглавиот успех на две компании „Тесла“ и „Спејс Икс“ на Елон Маск, направија тој да се најде на второто место на листата на најбогати луѓе во светот, според индексот на „Блумберг“.

    Тоа значи дека тој сега го симна од второто место Бил Гејтс. Основачот на Мајкрософт сега е на третото место на списокот на „Блумберг“, додека Џеф Безос остана на првата позиција и веројатно никој нема да може да го преземе тронот подолго време.

    Според „Блумберг“, Маск сега поседува богатство вредно 127,9 милијарди долари, кое нагло се зголеми, за цели 7,2 милијарди долари, како резултат на растот на акциите на „Тесла“ за 6,5 проценти. Оваа година беше погубна за многумина, но не и за овој Американец (49), чие богатство се зголеми за повеќе од 100 милијарди долари само во 2020 година.

    Безос во моментов има 182 милијарди долари, додека Гејтс поседува околу 127,7 милијарди долари. Германската агенција „ДПА“ известува дека неговото богатство ќе било уште поголемо, ако не донирал толку многу пари.

    Сепак согласно листата на „Форбс“, Илон Маск е 4.најбогат човек на светот со богатство кое е проценето на 110,5 милијарди долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично