Епл, Амазон и Микрософт и Гугл се на врвот на листата на највредни брендови во 2020 година, а доминацијата на технолошкиот сектор беше потврдена со растот на социјалните мрежи и комуникациите, покажа последниот извештај на консултантската компанија Интербренд.
Епл го зазеде првото место со вредност на брендот од 323 милијарди долари, се вели во извештајот на Интербренд „Најдобри глобални брендови 2020“. Во споредба со минатата година, тој се зголеми за 38 проценти.
На второ место е Амазон со бренд вреден 200 милијарди долари, а на трето е Мајкрософт, кој што вреди 166 милијарди долари. Нивната вредност скокна за 53 проценти, што ги прави групата со најголем раст, посочуваат во Интербренд.
Во групата брендови со најголем скок во вредност спаѓаат и Spotify, Netflix, Adobе, PayPal, Salesforce.com, Nintendo и MasterCard.
Samsung, Coca-Cola, Toyota, Mercedes-Benz, McDonald’s и Disney беа меѓу десетте највредни брендови.
Инстаграм, Јутјуб и Зум првпат се пробија меѓу 100-те највредни.
Покрај растот на брендовите на социјални медиуми и комуникации, повеќе од половина од брендовите што забележаа раст имаат деловен модел базиран на претплата.
Технолошкиот сектор порасна најмногу, додека малопродажбата ги почувствува последиците од пандемијата. Така, вредноста на брендовите Зара и H&M падна за најмалку шест проценти, а падот го забележаа сите луксузни брендови, освен Хермес.