Дигиталното евро нема да ги замени банкнотите, туку ќе ги надополнува, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
На прашањето дали дигиталното евро е политички одговор на дигитализацијата на кинескиот јуан, Лагард рече дека концептот на дигиталното евро е едноставно поефикасен, поевтин, ја штити приватноста, и e добар за животната средина.
Овој потег исто така може да го зајакне еврото на меѓународно ниво и да ги намали трошоците за трансфер на пари меѓу земјите, додаде таа.
„Сакаме да ја направиме нашата валута соодветна за дигиталната ера. Кога гледаме колку брзо се шират дигиталните плаќања, особено кај младите, важно е да го исполниме тоа барање“, рече Лагард.