ПОВЕЌЕ

    Претседател на Светскиот економски форум: Треба да го испитаме капитализмот каков што е

    Време зa читање: 2 минути

    Во постпанденемијскиот свет, мора да го преиспитаме капитализмот каков што е, изјави основачот и претседател на Светскиот економски форум (СЕФ) Клаус Шваб во неговиот авторски текст.

    Шваб оцени дека ниту еден настан од Втората светска војна до денес немал толку значајно влијание на планетата како оваа пандемија. Тој истакна дека пандемијата предизвика криза во јавното здравство и економијата и дека невидениот размер на кризата дополнително ги продлабочи нееднаквостите и придонесе кон концентрацијата на моќта.

    Според него, единствениот прифатлив одговор на кризата е „големо ресетирање“ на економијата, политиката и општеството.

    „Ова е време да се преиспитаат вредностите што се сметаа за свети во времето пред пандемијата, но и да се бранат вредностите од минатото. Задачата пред нас е да ги зачуваме достигнувањата што ги постигнавме пред 75 години “, додаде Шваб.

    Тој потсети дека светот по Втората светска војна направи, како што напиша, невиден чекор кон намалување на детската сиромаштија и морталитет, продолжувајќи го животниот век и направи многу луѓе да бидат писмени. Тој повтори дека она што придонесе за напредок на човештвото мора повторно да се брани.

    Тој истакна дека технолошкиот напредок досега овозможи да се најдат одговори на кризата и повика на континуирани инвестиции во истражување, развој, образование и иновации. Тој подвлече дека е важно да се спречи злоупотребата на технологијата.

    Претседателот на СЕФ истакна дека, постојниот економски поредок ќе мора да се преиспита со отворен ум.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично