ПОВЕЌЕ

    Интеграција на Охридска банка со Шпаркасе Банка Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје и Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на 5 октомври донесоа одлуки за отпочнување интеграција на двете банки. На двете собранија се донесоа одлуки за отпочнување на постапката за присоединување пред Народната банка на Република Северна Македонија.

    Целокупниот имот и обврски на Охридска банка ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување процес на ликвидација. Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос што ќе биде пресметан во согласност со применливата регулатива и утврден во Спогодбата за присоединување.

    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, за целите на размената, ќе ја зголеми основната главнина со издавање на акции преку приватна понуда, во согласност со применливата регулатива за вршење статусни промени.

    За целите на присоединувањето, надзорните одбори на двете банки ќе склучат Спогодба за присоединување, која ќе ги содржи податоците предвидени со Законот за трговските друштва. Спогодбата за присоединување ќе стане полноважна по одобрувањето од Собранијата на акционери на двете банки, а по претходно добиена дозвола за статусна промена од Гувернерот на Народната банка.

    Сакаме да воспоставиме стабилна и добро капитализирана банка со пазарен удел од над 12%. Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ е посветена да ја поддржи економијата во Северна Македонија, да биде доверлив партнер, бидејќи ние сме долгорочен стратешки партнер во Северна Македонија. Комбинираната банка со нејзиното искуство и сеопфатност ќе претставува силен партнер и за интернационалните и за компании и инвеститори од ЕУ што се активни во Северна Македонија. Со интеграцијата на двете банки, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, ние ќе бидеме една од водечките универзални банки во Република Северна Македонија“, изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично