ПОВЕЌЕ

    Кина е решена да не емитува јаглерод до 2060 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Кина, еден од најголемите загадувачи на гас во светот, вети дека нема да емитува јаглерод до 2060 година.

    Обраќајќи се преку видео конференција, Кси Јинпинг ги повика другите земји на „зелена револуција“, велејќи дека Кина ќе ги зголеми своите напори во согласност со Парискиот климатски договор, што е всушност ветување од 187 земји за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

    Ова е првпат Кина да објави конкретни планови за постигнување нула емисија на јаглерод диоксид, пренесува CNN.

    „Кина ќе го зголеми својот придонес со донесување посилни политики и мерки. „Ги повикувам сите земји да се стремат кон иновативен, координиран, зелен и отворен развој за сите“, рече Кси.

    Кина е најголемиот снабдувач на гас за греење на планетата и таму се користи повеќе јаглен отколку на кое било друго место во светот. Сепак, земјата е исто така светски лидер во обновливите извори на енергија и последните години зазема силни позиции во однос на климатските промени, пренесува Радио Слободна Европа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично