Кајлa Крaфт работела како медицинска сестра, но кога сфатила дека нема време навистина да им помага на своите пациенти, таа започнала бизнис кој и помогна да ја постигне својата цел.
„Мами Милионер“ е нејзината компанија за деловно учење која им помага на жените да започнат или развиваат бизнис за да можат да бидат финансиски независни. Таа ги учи своите клиенти да ги пронајдат своите страсти, да заработат од нив и да бидат оригинални во своето претприемништво.
По две години, таа ја усовршила својата формула за успех. Нејзините бесплатни курсеви вклучуваат неделен подкаст со совети и приказни од успешни претприемачи, прашалник што ќе им помогне на клиентите да го утврдат својот профил како и е-книга за градење бизнис.
Од почетокот на пандемијата, интересот за нејзините услуги се зголемил бидејќи поединците истражувале нови можности за кариера. Очекува нејзините приходи да достигнат 3 милиони долари до крајот на годината, во споредба со 1,2 милиони долари во 2019 година.
Во продолжение се четирите работи кои водат до успех:
- Не копирајте други идеи, дури и ако тие се успешни
Крофт им кажува на своите клиенти дека тие се клучот за успешен бизнис. Наместо да бркаат идеја што им одговара на другите, таа ги охрабрува да се фокусираат на тоа кои се и што сакаат да постигнат во животот.
- Дефинирајте на кого се обидувате да му помогнете
Крофт ги охрабрува своите клиенти најпрво да се фокусираат на своите потенцијални клиенти. Наместо да дадете стотици долари на нова веб-страница или безброј часови на деловен план, започнете да размислувате кој ќе ја купи вашата услуга или производ.
Ги советува своите клиенти да „детоксицираат“ сè околу нив за да можат да се фокусираат на кого ќе служат.
- Имајте поинакво размислување
Таа не отиде да се школувала за деловен менаџмент, наместо тоа си поставила цел дека „никој нема да ја надмине“ и верувала во тоа.
Сега нејзиниот начин на размислување е да работи попаметно, не повеќе, туку помалку и попродуктивно. Ги охрабрува своите клиенти да најдат слична мантра при одредување на нивниот начин на размислување за иднината.
- Што ве „оживува“?
Ако клиентот знае дека сака да започне бизнис, но сè уште нема идеја, Крофт прашува: „за што би можеле да зборувате цел ден, дури и ако не бидете платени?“ Нејзината цел е да ја претвори страста на клиентот во нешто од што може да заработи.