ПОВЕЌЕ

    Охридска банка со Втора понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски

    Време зa читање: 5 минути

    Врз основа на Одлуката на Народната банка на Р.Северна Македонија за изменување и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик (службен весник бр.76/2020 од 24.03.2020 година и 116/2020 од 05.05.2020 година), како и врз основа на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците (службен весник бр. 80/2020 од 27.03.2020 година и 125/2020 од 15.05.2020 година), а со цел надминување на потешкотиите со кои би се соочиле клиентите во овој тежок период настанат поради Корона-кризата, Охридска банка објавува  втора Јавна понуда со број 27-47703/1 од 05.09.2020 година, за промена на договорните услови за кредитните производи на  клиентите на Банката.

    Втората Јавна понуда е наменета за клиентите на Банката – физички лица, кои ја прифатија првата Понуда на Охридска банка АД Скопје со број 2707-16439/1, а кои се соочуваат со финансиски потешкотии кои може да имаат влијание врз можноста за исплата на кредитните обврски кон Банката во следните шест месеци.

    Втората Понуда се однесува на клиентите корисници на кредитни производи кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација, А, Б или В и немаат статус на нефункционална изложеност, заклучно со датум 29.02.2020 година, кои ја прифатиле Првата понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски, а кои ќе приложат документација со која ќе потврдат дека со соочуваат со финансиски потешкотии кои им го отежнуваат редовното сервисирање на кредитните обврски.

    Услови и начин за аплицирање за Втората понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски на клиентите на Охридска банка АД Скопје

    Оваа понуда важи 10 (десет) дена од денот на објавување и за користење на условите предвидени во неа потребно е клиентот до Банката да поднесе Барање заедно со останатата потребна документација најдоцна до 14.09.2020 година. 

    Можноста за одложување на наплатата на кредитните обврски се однесува на сите клиенти кои ја прифатија Првата понуда, а кои сеуште се соочуваат со финансиски потешкотии кои имаат влијание врз можноста за редовно сервисирање на обврските кон Банката, односно исполнуваат еден од подолу наведените критериуми:

    – Во периодот од почетокот на кризата, т.е. од 01.03.2020 до 03.09.2020 да ја изгубиле работата, и моментално се невработени;

    – Во периодот од почетокот на кризата, месечната нето-плата им се намалила за повеќе од 10%, и со намалениот износ на примања истите не се кредитоспособни за сервисирање на обврските по кредитите;

    – Во периодот од почетокот на кризата, имале зголемени трошоци за медицински услуги, во износ поголем од три месечни плати.

    – Клиентите кои од почетокот на кризата, т.е од 01.03. 2020 до 03.09.2020 ја изгубиле работата се ослободени од плаќање на своите кредитни обврски во периодот на важност на оваа Понуда.

    Клиентите кои од почетокот на кризата, т.е. од 01.03.2020 до 03.09.2020 година имаат намалени месечни примања за повеќе од 10% ќе бидат ослободени од плаќање на главницата како дел од месечните рати но, останува обврската за плаќање на каматата за периодот на одложување предвиден во Понудата, како и обврската за кредитно животно осигурување, доколку според направената анализа од страна на Банката се утврди дека постои можност за плаќање на каматата и месечната премија за осигурување.

    Клиентите кои имале зголемени трошоци за медицински услуги, ќе бидат ослободени од плаќање на главницата како дел од месечните рати но, останува обврската за плаќање на каматата за периодот на одложување предвиден во Понудата, како и обврската за кредитно животно осигурување, доколку според направената анализа од страна на Банката се утврди дека постои можност за плаќање на каматата и месечната премија за осигурување.

    Клиентите кои исполнуваат еден од погоренаведените критериуми и сакаат да ја искористат Втората понуда, ќе биде потребно до Банката да приложат Барање и соодветна документација која соодветствува и го потврдува критериумот за одложување кој го ислолнуваат:

    – Барање за прифаќање на Втора понуда / пополнето на урнек од Банката (може да се преземе на крајот на објавата, или во експозитурите на Банката)

    – Потврда за престанок на работен однос / издадена од АВРМ за невработено лице или Потврда за престанок на работен однос издадена од работодавец во која ќе биде наведен датумот на престанок на работен однос

    – Потврда за намалена исплатена плата во последните 6 месеци, изготвена на урнек од Банката (може да се преземе на крајот на објавата, или во експозитурите на Банката)

    – Потврда која докажува зголемени трошоци за медицински услуги (фактура / сметкаили друг соодветен документ кој ја докажува природата на трошокот и периодот во кој е направен).

     Некомплетната документација нема да биде предмет на разгледување. Банката може да побара и друга документација потребна за утврдување на исполнување на критериумите за одложување.

    Барањето за користење на втората Понуда, заедно со содветните Потврди може да се достави до Банката на два начини:

    – Да се испрати преку меил адресата креирана за оваа намена [email protected] или

    – Да се достави целокупната документација во најблиската експозитура на Охридска банка

    Независно од типот и обемот на кредитни производи кои клиентот ги користи од Банката, понудата има подеднаква важност за сите задолжености на клиентот.

    Банката се обврзува во рок од 10 работни дена од денот на поднесување на Барањето да го извести клиентот за прифаќање или одбивање на Барањето, и за тоа ќе го извести клиентот по електронски пат, преку официјален канал за комуникација.

    Сите останати договорни одредби од постоечките договори, кои не се опфатени во оваа понуда, остануваат во важност за цело времетраење на Договорите.

    За сите прашања поврзани со Понудата, може да се обратите во контакт центарот на Охридска банка АД Скопје на (02) 15  050, или на меил адресата [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично