ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје започна со готовинска исплата на паричните средства од социјална заштита

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека на 01.09.2020 (вторник), изврши процесирање на паричните средства за социјална и детска заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата веќе се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.

    За клиентите кои не користат платежни картички, готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно, во периодот од 02-ри септември (среда) до 04-ти септември (петок) 2020 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

    •    02.09.2020 (среда) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; (презиме)
    •    03.09.2020 (четврток) исплата за И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; (презиме)
    •    04.09.2020 (петок) исплата за П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на редот на чекање. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
     
    Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

    Клиентите кои ќе ги посетат филијалите на Стопанска банка АД – Скопје, задолжително треба да се придржуваат до следните препораки:

    •    Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
    •    Примена на превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и одржување меѓусебно растојание од најмалку 2 метри, за што се ангажирани и редарски службеници.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично