Шпаркасе Банка Македонија ги известува своите ценети пензионери дека пензиите за август ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26-ти август 2020 година во четири групи. Со пензиите пензионерите ќе може да располагаат преку своите дебитни картички за подигнување на готовина, преку достапната мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата (банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка) или да плаќаат безготовински кај трговците.
Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата во готовина преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:
- До 11.000 денари – 26.8.2020 г. (среда)
- 11.001-14.000 денари – 27.8.2020 г. (четврток)
- 14.001-18.000 денари – 31.8.2020 г. (понеделник)
- Над 18.001 денари – 01.9.2020 г. (вторник)
Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!
Од банката препорачуваат средствата кои се на располагање на Вашите сметки да ги подигнувате со дебитните картички преку банкомати на Шпаркасе Банка Македонија и Охридска банка, на кои подигнувањето е без провизија. За поголема заштита на Вашето здравје, Шпаркасе Банка Македонија Ве упатува за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.
Доколку, сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите, од Банката замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.