На седницата одржана на 28.07.2020 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на следниве друштва котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација:
- Фабрика Карпош АД Скопје, поради тоа што друштвото одлуките од Собрание на акционери наместо да ги објави пред почетокот на тргување на 26.06.2020 година, истите ги објави по завршување на денот на тргување;
- Аутомакедонија АД Скопје, поради тоа друштвото одлуките од Собрание на акционери наместо да ги објави пред почетокот на тргување на 30.06.2020 година, истите ги објави по завршување на денот на тргување и
- Неметали Огражден АД Струмица, поради тоа друштвото одлуките од Собрание на акционери наместо да ги објави пред почетокот на тргување на 29.06.2020 година, истите ги објави по завршување на денот на тргување.