ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка а.д. Битола со известување за сите клиенти на Еуростандард банка

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка а.д. Битола, секогаш ориентирана кон потребите на граѓаните, ќе им излезе во пресрет на клиентите на Еуростандард банка, со цел надминување на евентуалните финансиски потешкотии.

    Потребна документација за отварање на трансакциска сметка во банката е важечки документ за лична идентификација.

    За префрлање на пензија или социјална помош преку нашата банка, потребен е само важечки документ за лична идентификација, а потоа ние ги преземаме сите понатамошни активности за пријавување кон Фондот за ПИОМ и Министерството за труд и социјална политика.

    За сите клиенти, вработени и пензионери, кои ќе отворат трансакциска сметка во Стопанска банка а.д. Битола, а кои се класифицирани во А и Б претежна категорија на ризик согласно кредитен регистар на НБРСМ, нудиме дозволено пречекорување по трансакциска сметка, кое ќе им биде на располагање на клиентите веднаш по првиот прилив во Банката.

    Стопанска банка а.д. Битола, нуди поволни кредити за сите вработени, пензионери до 75 годишна возраст, приматели на технолошки вишок и приматели на социјална помош – додаток за трето и четврто дете, кои имаат солиден кредитен рејтинг.

    Во понудата на банката влегуваат: дебитни и кредитни картички од брендовите Visa и MasterCard, СМС известување, Електронско и Мобилно банкарство BANK2GO.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично