Триглав Осигурување АД Скопје, заклучно со 30.06.2020 година оствари нето добивката од работењето во износ од 30.512 илјади денари, што е за 26.985 илјади денари повисока во однос на минатата година, стои во финансискиот извештај на компанијата објавен на Македонска берза.
Нето приходите од премија за 2020 година изнесуваат 527.083 илјади денари, што е намалување во однос на 2019 година за 5,1%, односно 24.311 илјади денари.
Гледано аналитички како причини за намалувањето се наведуваат:
- пад на бруто премијата за 2.164 илјади денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата;
- раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 63.213 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата и
- промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2019 година, влијаеше позитивно за 41.066 илјади денари.
Приходите од финасиски вложувања изнесуваат 29.135 илјади денари и бележат раст во однос на истиот период од претходната година за 23,1%. 72% од овие приходи се однесуваат на камати, а 5,5% се однесуваат на приходи од наемнини. Останатите приходи од вложувања произлегуваат од позитивни курсни разлики(4,6%) и капитални добивки од продадени финансиски вложувања (11,1%). Растото во однос на минатата година е пред се резултат на поголемото финансиско портфолио, како и на повисоките приходи од курсни разлики и капитални добивки.
Приходи по основ на провизии од реосигурување се повисоки за 4.649 илјади денари, односно за 14,2% во однос на 2019 година, соодветно на растот на предадената премија во реосигурување.
Останатите приходи се во износ од 4.954 илјади денари и бележат пад од 33%. Главна причина за намалувањето е тоа што минатата година се реализираа капитални добивки од продажба на основни средства во износ од 1.829 илјади денари.
Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следните резултати:
Нето расходите за штети се во износ од 236.382 илјади денари и споредено со претходната година тоа претставува намалување за 16,7% или за 47.497 илјади денари во апсолутен износ. Падот се должи на пониската ликвидација на штети, како и на поголемо учество на реосигурителите во ликвидираните штети и резервациите за штети.
Останатите технички резерви се за 1.300 илјади денари намалени поради намалените резервации за менаџерско осигурување.
Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 14.801 илјади денари и се зголемени за 8,1% во однос на минатата година, главно како резултат на попустите во класа 2 – здравствено осигурување.
Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2020 година изнесуваат 213.210 илјади денари, што претставува пад од 2,0% односно 4.291 илјади денари во однос на истиот период претходната година. Најголемо влијание за падот имаше позицијата „трошоци за стекнување”, а кои се намалени за 6.383 илјади денари.
Целосниот финансиски извештај на Триглав Осигурување АД Скопје можете да го погледнете на следниот линк.