ПОВЕЌЕ

    ЧИТАМЕ: Патрик Диксон – Градење подобар бизнис | Дел 4/5

    Време зa читање: 7 минути

    Во потрага по исполнување

    Луѓето влегуваат во бизнис како сјајни, добро образовани, како луѓе со висока енергија, полни со сила и желба да направат разлика… Огромна е можноста на бизнисот да придонесе кон справување со широк обем на општествени проблеми. Ние мора да научиме како да ја впрегнеме посветеноста на нашите луѓе – тогаш нашата посветеност за градење подобар свет ќе има некое значење“. – Питер Сенџ во Петтата дисциплина, цитирајќи го Бил О`Браен, поранешен претседател на Хановер осигурувањето

    Уште едно испитување во Велика Британија покажува дека шест од десет лица на возраст од 25 до 35 години чувствуваат неисполнетост во нивните кариери.

    • 83% веруваат дека страдаат од „четвртинска животна криза“.
    • 90% бараат повисока цел во работата.
    • 59% велат дека немаат пронајдено значајна цел во нивната работа
    • 75% велат дека нивните шефови не ги вреднуваат вештините здобиени од доброволната работа во заедницата.
    • 25% се загрижени околу слабата етика на компанијата за која работат.
    • Повеќе од половина се обидуваат да ја напуштат нивната работа.
    • Речиси сите чувствуваат дека постарите менаџери изгледа немаат разбирање.

    Таквите одговори се нови, растечки, стануваат повеќе искрени, и ќе имаат, на некој начин, влијание на секоја организација – од најмалиот семеен бизнис до најголем мулти-национален, од болници до изведувачи на работи, од владата до граѓански услужители, до секој универзитет и секое училиште за бизнис, секое добротворно друштво и секое семејство.

    Младите луѓе се заситени од кажувањата на постарата генерација да ги наведнат главите и да работат напорно – младите луѓе чувствуваат дека срцата на постарата генерација отчукуваат во различен ритам – ако воопшто отчукуваат.

    Од испитаниците, 40% од мажите и 20% од жените се чувствуваат неисполнети на работа. Оваа различност можеби делумно е бидејќи повеќе жени од мажи работат скратено работно време и зашто жените, општо, се побалансирани во однос на целта во нивните животи.13

    Запомнете дека ова е генерацијата на деца кои беа воспитувани на „достојни“ телевизиски или училишни кампањи, чии родители самите често даваа време или пари за разни причини, кои беа охрабрувани да помогнат во спасувањето на светот со собирање лименки за да подигнат пари за дождовните шуми, или ситни пари за помош на слепите деца во Малави. Како возрасни, сега се во организации кои потфрлуваат да им дадат некакво задоволство во однос на решавање на кој било светски проблем или да ги задоволат чии било реални потреби.

    Компаниите кои цветаат во оваа деценија ќе го прават тоа, бидејќи се способни да обезбедат значење и цел, контекст и временска рамка која го охрабрува личниот потенцијал да цвета и расте“. – Професор Линда Грејтон, Училиште за бизнис во Лондон, автор на Жива стратегија

    Недостатокот на страст на работното место е исто така вообичаено и во САД. Помалку од половината Американци велат дека се задоволни со нивната работа – највисокото ниво на незадоволство од 1995. Падот во задоволството од работата е присутен меѓу работници од сите старосни групи, ширум сите даночни групи и региони.14 Земете ги предвид овие статистички податоци:

    • 35% од вработените во корпорации – „врвни изведувачи“ – се под голем ризик да ги напуштат нивните работни места.
    • 60% чувствуваат дека притисокот за работа е преголем.
    • 83% сакаат да поминуваат повеќе време со нивните семејства.
    • 56% се незадоволни на работа.

    Еден од пет Американци одбрал да се „повлече назад“ со намалување на нивниот приход и трошок.

    Друго испитување покажа дека помалку од половината од сите жители на САД биле задоволни со својата работа. Падот беше пронајден помеѓу работници од сите старосни групи, ширум сите даночни групи и региони. Причините ги вклучуваа забрзаното темпо на промена, притисокот за прилагодување, растечките барања за функционирање на сè повисоки нивоа и замагленоста помеѓу домашното и работното време. Половината од оние кои беа на возраст помеѓу 45 и 54 години, најверојатно беа заситени.17

    Овие уморни и деморализирани работници се немирни, чувствувајќи се повремено експлоатирани и може дури збунети и засрамени да работат за корпорации кои привлекуваат негативно медиумско покривање.

    Во Австралија, 30% од луѓето на возраст од 30 до 59 години одбраа да се повлечат назад во текот на претходните 10 години, ако ги вклучите 7-те проценти кои одбраа да се вратат на образованието или да започнат да работат за самите себе. Луѓето се повлекуваат назад за да одвојат повеќе време за семејството, за поздрав поврамнотежен живот, или да постигнат поголемо лично исполнување. Тие со пониски приходи, ако тоа нешто значи, имаат незначително помала веројатност да се повлечат назад од тие кои заработуваат повеќе, а огромното мнозинство го постигнува тоа што се надева дека ќе го постигне.

    Телефонска анкета по случаен избор изведена ширум Британија која опфати 1.002 возрасни, изведено во 2003 од Барна Ресерч Груп, заклучи дека доброто здравје, високиот интегритет, добриот брак, добрите пријатели и јасната цел за живеење, беа врвните пет цели помеѓу испитаниците. Доброто здравје беше именувано од девет од десет возрасни како нивна највисока цел, додека четири од пет испитаници кажаа дека сакаат да живеат со висок интегритет, а близу истата бројка посакува да има еден брачен партнер во текот на целиот живот.

    Сево ова значи дека менаџерите треба да си постават огромни прашања. Ако сакаме страст на работата, треба да се осигураме дека работата го зголемува здравјето, долгорочните односи, пријателството, и обезбедува цел за живеењето.

    Др. Патрик Диксон е често опишуван како водечки футурист во Европа и е рангиран како еден од 50-те живи највлијателни мислители за бизнисот во светот (www.thinkers50.com). Претсе-давач е на Глобал Чејнџ Лимитид, асистент на Центарот за развој на менаџментот при Бизнис училиштето во Лондон, автор на 12 книги, вклучувајќи ја Futurewise, и е визитинг професор при Ев-ропското училиште за менаџмент и технологија. Тој советува многу глобални компании за широк обем на идни трендови, вклучувајќи ги дигиталното општество, виртуелните корпорации, финансиските услуги, биотехнологијата, промените во начинот на животот, однесувањето на потрошувачите, маркетингот, мотива-цијата, предводништвото, јавната политика, корпоративната етика, движењата на активистите и владините регулации. Неговите клиенти ги вклучуваат Хјулит-Пакард, Мајкрософт, UBS, RBS, Креди Суис, ПрајсвотерхаусКуперс, Форд, IBM, Рош, GSK, UNIDO, Алајанз, HSBC и BT.

    Патрик Диксон има одржано презентации во повеќе од 40 земји, како и на Светскиот економски форум во Давос, на Јужноафри-канскиот самит на Светскиот економски форум и на Меѓународ-ниот форум на Емиратите. Тој, исто така, е поранешен член тимот на Светската банка за техничка помош на Кина.

    Диксон учествуваше во стотици телевизиски и радио емисии на мрежи како CNN, CNBC, ABC News, Sky News, BBC, ITV, Channel 4 и Channel 5. Тој пишуваше за многу публикации, вклу-чувајќи го Тајм магазинот. Неговиот web-ТВ site (global-change.com) е посетен од повеќе од шест милиони различни луѓе, со повеќе од 50 милиони дневно преземени зборови.

    Тој, исто така, е вклучен во хуманитарни проекти во најсиромаш-ните нации, и е основач на ACET International – глобална мрежа за згрижување и програми за спречување на СИДА, со основа во заедницата. Патрик Диксон се обучуваше во медицина во Кингс Колеџ, Кејмбриџ и Черинг Крос Болницата, Лондон. Во 1979, тој започна сопствено информациско технолошко придвижување кон медицинската компјутеризација, пред да се специјализира во грижата за тие што умираат од рак. Роден во 1956, тој живее во западен Лондон со неговата сопруга и нивните 4 деца.

    Прочитај и: Градење подобар бизнис прв дел

    Прочитај и: Градење подобар бизнис втор дел

    Прочитај и: Градење подобар бизнис трет дел

    Книгата можете да ја најдете во Книготека Икона на Максим Горки бр 17, Ул Македонија бр 24 и во ТЦ Рамстор Мол

    Следете ја Икона на:
    facebook.com/ikonabookstorе
    instagram.com/knigotekaikona

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично