Комерцијална банка ќе изврши предвремена исплата на јунските пензии на своите ценети клиенти.
Исплатата за пензионерите кои не користат платежни картички, ќе биде организирана во четири групи, и тоа според висините на пензиите:
- петок 26.06.2020 г., исплата на пензии до 11.000 денари,
- понеделник 29.06.2020 г., исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
- вторник 30.06.2020 г., исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
- среда 01.07.2020 г., исплата на пензии над 18.000 денари.
Од банката потсетуваат дека клиентите при посетата, мора задолжително да ги следат сите пропишани мерки за заштита и превенција – држење на пропишаното минимално растојание, носење заштитна маска, марама или шал и задолжителна дезинфекција на рацете.
Пензионерите при подигањето на своите пензии на шалтер, ќе може да побараат некоја од следните услуги со кои ќе ја намалат потребата од посета на банка:
- Бесплатна дебитна картичка Visa Debit
- Пристап до бесплатната услуга Интернет банка
- Отворање трајни налози за плаќање сметки за комуналии
Со трајниот налог сметките ќе им бидат секогаш навремено платени без да доаѓаат во банка, со што ќе им помогнеме да останат дома и да се заштитат од ризик. За тоа ќе биде доволно при нивното доаѓање на шалтер ДА ГИ ДОНЕСАТ СМЕТКИТЕ ЗА ЈАВНИ УСЛУГИ (струја, парно, вода, телефон), а нашите вработени ќе им ги објаснат сите можности кои се на располагање.
Да ги заштитиме најранливите. Да го заштитиме јавното здравје.