ПОВЕЌЕ

    Поевтини горива од полноќ: До 350 денари заштеда на полн резервоар

    Време зa читање: 2 минути

    За возило со резервоар од 50 литри, новите цени значат заштеда од околу 350 денари при полнење бензин и 275 денари кај дизелот

    Од полноќ следува значително поевтинување на горивата. Бензините ќе се продаваат за 7 денари помалку по литар, а дизелот поевтинува за 5,50 денари. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 7,51 отсто.

    Утрешниот ден ќе стартува со нови цени: 86 денари за литар Еуросупер БС-95 и 88 денари за литар Еуросупер БС-98. Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се точи за 94,50 денари за литар.

    За литар екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се плаќаат 103,50 денари. Цената е пониска за 6,50 денари. За 6,261 денар ќе биде пониска цената на мазутот М-1 НС, која ќе изнесува 49,312 денари за килограм.

    Корекцијата по надолна линија доаѓа по падот на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари. Во споредба со претходната пресметка, кај бензините е регистрирано просечно намалување од 12,340 отсто, кај дизелот од 6,785 отсто, кај екстра лесното масло од 7,834 отсто, а кај мазутот од 13,816 отсто.

    Дополнително влијание има и движењето на девизниот курс. Курсот на денарот во однос на доларот, споредено со периодот врз чија основа беа формирани претходните цени, е понизок за 0,5247 отсто.

    Во новата пресметка РКЕ ја применила и владината одлука за намален ДДВ од 10 отсто за Еуродизел, како и намалената акциза. Кај бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 акцизата е намалена за 2 денари за литар, а кај ЕУРОДИЗЕЛ за 4 денари за литар.

    Од РКЕ нагласуваат дека утврдените износи се максимални малопродажни цени. Трговците на големо и на мало можат одделните нафтени деривати и горива за транспорт да ги продаваат и по цени пониски од утврдените максимални нивоа.

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично