ПОВЕЌЕ

    Викендов можни прекини во банкарските услуги – од понеделник нови правила за плаќање

    Време зa читање: 2 минути

    Привремени прекини или ограничена достапност на одредени банкарски услуги, особено кај платежните трансакции, се можни во текот на претстојниот викенд, поради планирани технички прилагодувања на системите во сите банки.

    Како што информира Македонската банкарска асоцијација, прилагодувањата се дел од подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да важат од понеделник, 9 ноември.

    Промените се однесуваат на новите платни налози, шифрите за целта на плаќањето и користењето на платежните сметки во ИБАН-формат.Целта на системските прилагодувања е новите правила да можат непречено да се применуваат во секојдневното користење на платежните услуги.

    Точните термини на активностите, услугите што ќе бидат опфатени и очекуваното времетраење на ограничувањата ќе бидат наведени во поединечните известувања на банките до своите клиенти.

    „Ги повикуваме граѓаните и компаниите редовно да ги следат официјалните комуникациски канали на својата банка и, доколку имаат плаќања што треба да ги извршат во овој период, да ги планираат навреме, согласно објавените информации“, препорачуваат од МБА.

    Притоа, се нагласува дека постојните броеви на платежните сметки не се менуваат. Приказот и користењето на сметките во ИБАН-формат во електронското и мобилното банкарство ќе го приспособат самите банки.

    Новите стандарди се дел од модернизацијата на националниот платен промет.

    (Илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично