Како било да се биде жена во древната Помпеја? Дебелиот слој пепел под кој се најде затрупан градот по вулканската ерупција во 79. година од нашата ера и неговата извонредна зачуваност нудат единствена можност за согледување на аспекти од секојдневниот живот на жените, како и на нивната улога во римскиот дом и општество.
Споменот за еден живот, затворен во шкаф што никогаш повеќе не бил отворен, сега повторно излезе на виделина во Помпеја, благодарение на работата на археолозите. Шкафот – кој можеше целосно да се реконструира врз основа на податоците од ископувањата – се наоѓал во централниот дел на градот затрупан од Везув, во куќата IX 11, 7 (куќата на Корнелиј Максимус), лоцирана на улицата „Виа дел Абонданца“ – улица која била исто толку раздвижена тогаш, колку што е и денес.

Ова е како да се сретнувате со приказна, која го доловува животот на една жена во Помпеја пред уништувањето на градот во 79 година од нашата ера, се вели во написот во журналот за археолошките истражувачки работи на Помпеи. Станува збор за наод што опфаќа убавина, лични навики, но и трговски активности.
Парчето мебел, кое археолозите и реставраторите го реконструирале врз основа на податоците документирани за време на ископувањата, се наоѓало во куќата што традиционално му се припишува на Корнелиј Максимус, а која гледа кон Виа дел Абонданца – една од главните сообраќајници на античкиот град.
Контекстот на откривањето и збирката предмети зачувани во него ни овозможуваат да создадеме детална слика за домашните активности, навиките поврзани со личната нега, а можеби и за економските дејности што ги извршувале жителите на куќата.
Меѓу предметите се наоѓаат алатки од т.н. *mundus muliebris* (женски прибор), вклучувајќи пинцети и алатка за подготовка на пигменти (*coticula*), стаклен сад за масти, кадилница за темјан и бронзена светилка.
Покрај нив, пронајдени се и оловни тегови, сместени во мала дрвена кутија од која останале само траги. Нивното присуство може да укажува на трговски активности, иако нивната конкретна намена треба да се разгледа во контекст на останатите пронајдени предмети.
Во плакарот имало и разни садови и прибор: вази и лонци изработени од бронза, стакло и керамика – предмети за секојдневна употреба, кои сепак можеби носеле и лични спомени, како што е случајот со еден елегантен бокал украсен со мотиви од шишарки.
Особено трогателен предмет, полн со спомени, е ѓердан составен од најмалку дваесет и четири минијатурни елементи изработени од фајанс, коска, стаклена паста и планински кристал.
Елементите на ѓерданот, изработени од фајанс, коска, стаклена паста и планински кристал, имаат отвори за закачување и прикажуваат различни мотиви: божества (препознатливи во ликовите на Бес и Меркур), дланки, стапала, шишарки и гроздови. Оваа збирка може да се класифицира како *crepundia* – термин што потекнува од латинскиот глагол *crepare* („да ѕвечи“, „да прави врева“).
Се проценува дека околу 2.000 луѓе загинале во Помпеја кога вулканот Везув еруптирал во 79 година од н.е., иако точниот број останува непознат.
Откако кон крајот на 19-от век биле пронајдени остатоците на древниот град во близина на Неапол во Италија, археолошкиот локалитет Помпеи е едно од најпосетуваните туристички атракции не само на Апенинскиот полуостров туку и во цела Европа.
Аналитика








