ПОВЕЌЕ

    Геополитиката и инвестициските можности во фокусот на 13. Ерсте инвеститорски појадок

    Време зa читање: < 1 минутa

    Монетарните политики, макроекономските перспективи, глобалните финансиски пазари, геополитичките предизвици и идните инвестициски можности беа во фокусот на 13. Ерсте инвеститорски појадок, во организација на Шпаркасе Банка и Ерсте групацијата. На тие теми зборуваа водечки економски и финансиски експерти, претставници на институциите и инвеститорската заедница.

    „Во време на глобална неизвесност и динамични промени, континуираниот дијалог и размената на експертиза се важен предуслов за носење информирани и одговорни деловни и инвестициски одлуки“, истакна Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

    Шпаркасе Банка активно ги поддржува локалните инвеститори преку услуги за тргување со хартии од вредност на домашните и странските пазари, со пазарно учество од 37% во тргувањето на странските пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично