
Горан Ѓорѓиевски, претседател на Сојузот на стопански комори, во „Каде се парите? со Горан Теменугов“
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Сојузот на стопански комори бара Град Скопје да ја преиспита висината на фирмарината по зголемувањето од 4.000 на 8.000 денари. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, претседателот на Сојузот, Горан Ѓорѓиевски, вели дека комората официјално му се обратила на Градот. Неговиот предлог е фирмарината да се определува прогресивно. Според него, истите 8.000 денари се различен товар за микрофирма и за компанија со десетици милиони евра приходи. Од Градот, вели Ѓорѓиевски, добиле одговор дека прашањето треба системски да се разгледа.
„Се обративме ние официјално со писмо до Град Скопје и добивме од таму одговор. Не се сложивме дека така треба да се зголеми. Сметаме дека тоа треба на прогресивен начин да функционира. Не може фирма гигант со десетици милиони евра приходи, стотици, не е битно, да плаќа фирмарина 8.000 денари и не може некоја микрофирма да плаќа исто така 8.000 денари. Сметаме дека не е соодветно, но добивме одговор дека треба тоа системски да се разледува, да се обмислува и да се размислува во таа насока“.
Аналитика








