ПОВЕЌЕ

    АЦЕВСКИ БАРА РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ДА ДОБИЕ ПОСИЛЕН ДОКАЗЕН СТАТУС

    Време зa читање: 2 минути

    Притиснете „Subscribe“ и следете нè.

    Конечните ревизорски извештаи и натаму се доставуваат до обвинителството како известување, по кое следуваат дополнителни проверки и собирање докази. Главниот државен ревизор Максим Ацевски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува дека за состојбите што веќе ги утврдиле ревизорите се бараат податоци од Финансиската полиција и МВР, како и дополнителни вештачења. Тој бара извештајот да добие посилен доказен статус и да биде основа за поведување постапка пред надлежен суд. Според Ацевски, треба да се измени Кривичниот законик, за што веќе разговарал со претходниот министер за правда и со претходниот јавен обвинител.

    „Она што треба да се промени е промената во Кривичниот закон. И самиот, тоа го разговаравме и со претходниот јавен обвинител, којшто искажа огромна поддршка за таквата состојба, самиот конечен ревизорски извештај треба да добие статус на документ којшто претставува основа за поведување на постапка пред надлежниот суд. Јавниот обвинител во овој момент добивајќи го конечниот ревизорски извештај во суштина претставува известување, врз основа на кој треба да се преземат дополнителни мерки… “

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично