ПОВЕЌЕ

    Зголемените приходи им донесоа добивка на Рудници Бањани

    Време зa читање: 2 минути

    Добивка од 64,2 илјади евра е ефектот од деветмесечното работење на Рудници Бањани. Приходите зголемени за 36,8 насто и трошоците намалени за еден отсто придонеле за преминот од загуба во добивка. Лани во овој период компанијата била во минус од 23,4 илјади евра.

    Активностите реализирани во првите три годинешни квартали обезбедиле оперативни приходи од 894,2 илјади евра. За споредба, претходното остварување било 653,6 илјади евра.

    Најголемиот дел од оперативните приходи – 825,3 илјади евра, доаѓаат од продажбата, каде што е забележан годишен раст од 26,3 насто. Притоа, доминантни се приходите од домашниот пазар, со удел од 817,9 илјади евра. На ова поле има годишно зголемување од 26,1 насто. Растот е повисок кај приходите од продажбите во странство – за 45,5 насто.

    Трошоците на компанијата, исто како и лани по првите девет месеци, се над прагот од 800 илјади евра. Сепак, забележан е мал пад од 811 илјади на 803,1 илјада евра.

    Рудници Бањани повеќе од шест децении делува во областа на неметалните минерални суровини, а сегашниот капацитет, според податоците од нивната веб-страница, е два милиони тони сепариран варовник, мермер, доломит или кварцит.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично