
Во бизнисот, секоја добра инвестиција носи поврат. По летните одмори, септември носи нови проекти, состаноци, деловни патувања и забрзано секојдневие. За мажите кои се посветени на својата кариера, времето е највредниот капитал. Затоа успешните професионалци не ја оставаат организацијата и планирањето само на работното место, туку тие избираат паметни решенија кои им заштедуваат време, ја зголемуваат ефикасноста и го олеснуваат секојдневниот живот.
Истиот принцип важи и во домот – колку помалку време трошите на домашните обврски, толку повеќе време останува за семејството, спортување и прошетки, или пак следниот бизнис предизвик. Чистењето не мора да чека викенд, ниту пак да биде уште една обврска по долг и напорен работен ден. Понекогаш се доволни само неколку минути пред да излезете од дома или по враќањето од работа за просторот повторно да изгледа уредно и свежо без влечење на кабли, без непотребна бучава и без тешки правосмукалки кои го отежнуваат процесот на чистење.

Безжичните правосмукалки Miele Triflex за суво и влажно чистење се решение создадено за брзиот и динамичен начин на живот. Со нивниот ергономски дизајн, лесно ракување и високи перформанси, тие секогаш се подготвени за употреба кога ќе ви затребаат без комплицирање и без губење драгоцено време. Една од нивните најголеми предности е што комбинираат суво и влажно чистење во еден уред. Без разлика дали станува збор за паркет, плочки, ламинат или теписи, правосмукалката лесно се прилагодува на различни површини. Со додатокот Aqua Twister Plus, кој користи две ротирачки подлоги и 360° осветлување, се отстранува дури и тврдокорната нечистотија, а подовите остануваат беспрекорно чисти и со природен сјај. Во споредба со претходната генерација Triflex HX2, новата серија нуди посилен перформанс со до 60% поголема моќ на вшмукување и до 67% подолго време на работа, што овозможува темелно чистење на целиот дом.
За мажите кои го ценат квалитетот, технологијата и долгорочните инвестиции, ова е уред кој носи вистинска вредност во секојдневието. Почетната инвестиција е повисока од стандардните модели, но за возврат добивате сигурност, врвни перформанси, издржливост и, најважно од сè – повеќе слободно време. Во свет каде секоја минута е важна, најдобрата технологија е онаа што незабележливо ви го олеснува секој ден. А чувството кога ќе се вратите дома во чист и уреден простор по долг работен ден е една од оние мали привилегии кои навистина прават разлика.
ПР Објава
Аналитика








