ПОВЕЌЕ

    „Адиент“, „Кондево“ и „Техникал Текстајлс“ ги претставија инвестициските планови пред директорот на ТИРЗ

    Време зa читање: 3 минути

    Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, денеска ја посети ТИРЗ Штип, каде што оствари работни средби со раководствата на компаниите „Адиент“, „Кондево“ и „Техникал Текстајлс“.

    На средбите биле разгледани тековните активности на компаниите, остварените резултати и развојните планови, како и можностите за подобрување на деловното опкружување и условите за работа во зоната.

    Во разговорите била нагласена важноста од континуирана комуникација меѓу институциите и инвеститорите, со цел навремено да се идентификуваат и надминат предизвиците со кои се соочуваат компаниите. Фокусот бил ставен и врз создавањето услови за нови инвестиции, технолошки развој и отворање нови работни места.

    Димовски ја истакнал посветеноста на Владата кон обезбедување стабилна и предвидлива деловна средина, посочувајќи дека директната комуникација со компаниите е важна при креирањето политики за економски раст и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

    Според него, покрај активностите за привлекување нови инвеститори, Дирекцијата за ТИРЗ ќе продолжи да им дава поддршка и на постојните компании, преку навремено препознавање и надминување на проблемите со кои се соочуваат.

    Претставниците на компаниите ги презентирале своите тековни активности, резултати и планови за понатамошен развој и инвестиции. Тие изразиле задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ и подготвеност таа дополнително да се интензивира во наредниот период.

    Во рамките на посетата, Димовски ги обиколил и производствените капацитети на компаниите.

    Од Дирекцијата за ТИРЗ наведуваат дека посетата е дел од активностите за одржување редовна комуникација со инвеститорите, подобрување на деловната клима и создавање услови за понатамошен развој, нови инвестиции и отворање квалитетни работни места.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично