ПОВЕЌЕ

    МИЦКОСКИ: За 15 до 25 години може да ни недостигаат 250.000 жители

    Време зa читање: 2 минути

    Демографијата станува едно од најголемите економски прашања за Македонија. Сè помалку деца се раѓаат, младите заминуваат, а компаниите веќе се соочуваат со недостиг од работници. Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека за 15, 20 или 25 години на Македонија може да ѝ недостигаат меѓу 150.000 и 250.000 жители. Тој предупредува дека ако Западна Европа има уште поголем демографски проблем, дел од македонскиот потенцијал ќе заминува таму, а празниот простор дома ќе мора да се пополнува со работници од трети земји. Прашањето е дали Македонија навреме ќе подготви стратегија за работна сила или ќе чека проблемот да стане уште поголем.

    „Апсолутно, дека дојде време, можеби не сега, но за 15, 20, 25 години комплетно да се смени демографската слика во Македонија. Јас ценам дека од денешна перспектива, за 15, 20, 25 години, можеби едно 150-250 илјади луѓе ќе ни недостасуваат во Македонија. Каде е проблемот? Тоа е еден ланец. Ако има Европа проблем со демографијата, а има поголеми од нашиот, тоа веќе дел од нашиот потенцијал оди таму.

    Без разлика на понатамошниот нивен развој, како личности, како луѓе и така натаму, но тие создаваат празен простор овде. За да може оваа економија да се развива, ќе мора некој да го пополни тоа. И логично е од трети земји, луѓе, работници, да дојдат и да го пополнат тој празен простор кој што ќе го оставаат тие кои што ќе заминат во Западна Европа.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично