ПОВЕЌЕ

    Растат ли платите или само така ни изгледа?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Платите во Македонија растат, но голем дел од граѓаните велат дека тоа не го чувствуваат во секојдневниот живот. Токму затоа се поставува прашањето дали инфлацијата го изела растот на платите или сепак животниот стандард се подобрува. Ова е една од најголемите дилеми во економските дебати последниве години. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков вели дека официјалните показатели покажуваат раст и на платите и на доходот.

    „Државниот завод за статистика ги пресметува и номиналниот раст на платите и реалниот раст на платите. Така што континуирано имаме реален раст на платите. Во месец март реалниот раст на платите изнесува 3,1 проценти додека номиналниот раст изнесува 8,2 проценти и тоа е во изминативе неколку години со исклучок на 2022 година…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично