
Во Македонија сè почесто се отвораат дебати за пократка работна недела, повеќе слободно време и подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот. Но истовремено продуктивноста на трудот останува далеку под нивото на развиените европски економии. Според податоците што ги цитира професорот Синиша Наумоски, македонски работник создава повеќекратно помала вредност од германски работник. Затоа, вели тој, пред да зборуваме за четиридневна работна недела или помалку работа, мора да зборуваме за продуктивност, ефикасност и создавање вредност. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ Наумоски испраќа порака која сигурно ќе отвори дебата.
Следете нè.
„ Сега ни треба лудост во економска смисла…. Немате развој на земја која ќе работи по 8 часа… од кои што 2 се ефективни, 6 се кафе на улица Македонија ако сум државен административец или викам… Сакам да најдам да бидам државен службеник за да можам да отворам бизнис. Замислете го тоа. Или сте во државна служба, или сте во бизнис служба. Ние мораме да создаваме филозофија дека саможртвата, работохоличноста, воркохолизмот е тренд. Само со таква матрица.“
Аналитика








