ПОВЕЌЕ

    Томовски: МИА, Европски прашања и повеќе институции ќе добијат нови простории во стара Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Реновирањето на објектот на стара Комерцијална банка е во завршна фаза, а комплетирањето на последниот дел се очекува до 20 јуни, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

    Тој посочи дека двата сегмента од објектот – нов дел и Бисер се целосно завршени, додека во стариот дел се работи на електро и машинските инсталации, подовите и замената на вратите.

    „Рокот е 20 јуни и по тој рок ќе следуваат пенали или активирање на банкарска гаранција. Од изведувачот и надзорот добиваме уверувања дека објектот може да биде завршен навреме“, рече Томовски.

    Според него, во објектот ќе бидат сместени повеќе институции што сега плаќаат закупнина, со што државата ќе оствари финансиски заштеди. Меѓу институциите што се разгледуваат за преселување се МИА, Министерството за европски прашања, дел од институциите од животна средина, како и

    „Правиме рационализација и на институциите им обезбедуваме соодветни услови согласно европските стандарди, односно од 4 до 6 квадратни метри по вработен“, изјави Томовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично