ПОВЕЌЕ

    Експлозија во кинески рудник: 90 загинати, по 9 се трага – на смена биле 247 рудари

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на загинати од експлозија на гас што се сличи во рудник за јаглен во северната кинеска покраина Шанкси се зголеми на 90, додека уште девет лица се водат како исчезнати, јавува China Daily повикувајќи се на информации од локалните власти.

    Станува збор за експлозија на гас во рудникот Лиушенју, кој е во сопственост на групацијата Тонгжу. Одоворните лица на компанијата поврзана се приведени, соопштено е од Центарот за спасувачки операции.

    Несреќата се случила вчера во 19:29 часот по локално време, а во моментот на експлозијата под земја биле 247 рудари, пренесе Би-Би-Си.

    До 6:00 часот наутро, 201 рудар бил безбедно извлечен на површината, додека спасувачките операции продолжуваат.

    Причините за експлозијата се предмет на истрага. Xinhua претходно објави дека нивото на јаглерод моноксид во рудникот ги надминало дозволените граници.

    Јагленот и понатаму е клучен извор на енергија во Кина, и покрај напорите на властите постепено да ја намалат зависноста од фосилни горива. Покраината Шанкси важи за едно од главните центри на кинеската индустрија за јаглен, но и за регион со лоша безбедносна репутација, каде во изминатите години се случиле бројни рударски несреќи.

    Кинескиот претседател Кси Џипинг побарал темелна истрага за причините за несреќата и утврдување одговорност согласно законот.

    (Фото: Xinhua – извор China Daily)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично