
Македонија годинава ќе се соочи со сериозен дефицит на тековната сметка, кој според проекциите ќе достигне околу 5,7% од бруто домашниот производ или над 900 милиони евра. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, објаснува дека дефицитот ќе се должи на неколку фактори. Меѓу нив се послабиот извоз, понискиот прилив на дознаки од странство, но и зголемениот одлив на девизи бидејќи македонските граѓани и компании сѐ повеќе инвестираат надвор од државата. Дополнителен притисок, според Славески, создаваат и големите инфраструктурни проекти како „Бехтел и Енка“, кои подразбираат значителен увоз на материјали, услуги и опрема. Гувернерот појаснува дека за ваков дефицит мора да има обезбедено извори за негово покривање и дека засега Народната банка не гледа ризик за стабилноста. Сепак, тој предупредува дека и во наредниот период се очекува дефицитот на тековната сметка да остане релативно висок, а проекциите се дека постепено би требало да почне да се стабилизира.
„Овдека, како што е познато, се отиде некако хазардно, се разбира, се работи за проектот кој што доколку, да речеме, или кога ќе се заврши, ќе биде од голема полза за граѓаните…
И е стратешки важен…
во Македонија, но притисоците врз буџетот, врз тековната сметка, врз задложувањето се значителни и од тука, тоа е една од причините за поголема координација меѓу фискалната и монетарната политика, а не е слиучајно она што често се коментира во јавност, реализацијата на буџетскиот дефицит од околу 70% во првите три месеци, тоа е директно поврзано со ова што го спомнавте.
Значи, со „Бехтел и Енка“ во суштина?
Па, најверојатно, затоа што одливите се значителни..“
Аналитика








