Германската компанија Костал претставува една од најуспешните странски инвестиции во Македонија и значаен двигател на домашната економија, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешното одбележување на јубилејот на охридската фабрика. Тој нагласи дека „Костал“ е меѓу петте компании со најголем извоз во државата и има директно влијание врз македонскиот домашен бруто производ.
Една деценија и пораст на приходите во последните 5 години од 80.000.000 евра приходи до 280.000.000 евра приходи што се очекуваат оваа година, истакна Мицкоски, се исклучително значаен економски резултат, но тоа е исклучително значаен економски резултат и за македонската економија којашто директно учествува во македонскиот БДП. Да бидете сепак во првите 5 компании коишто учествуваат со својот извоз во македонскиот БДП е навистина голем успех.
Јас навистина би сакал и за ова да ви честитам бидејќи тоа претставува еден голем и значаен успех, повеќе од 200.000.000 евра инвестиции коишто ја прави „Костал“ најголема германска инвестиција кај нас во делот на автомобилската индустрија, исто така сам по себе импресивен резултат. Кога сето ова ќе го сумираме и кога ќе го анализираме тогаш доаѓаме до еден заклучок дека оваа инвестиција претставува за сите нас инспирација да продолжиме заедно во години коишто следат, во периодот којшто следи, да се надополнуваме, да се поддржуваме и зошто веќе за некоја година од денеска наместо 280.000.000 евра приходи да не зборуваме за повеќе од 500.000.000 евра приходи. Нешто што треба да претставува наша заедничка цел. Зашто да не зборуваме за повеќе од 2.000 вработени, зошто да не зборуваме за повеќе од 500.000.000 евра инвестиции токму тука во македонскиот, европски, светски бисер Охрид и во Македонија како држава.
Честитајќи му го јубилејот на Костал, Мицкоски потсети дека во охридската фабрика своја егзистенција пронашле повеќе од 1.300 вработени, што се повеќе од 1.300 човечки судбини, семејства коишто својата иднина ја гледаат токму тука во „Костал“.
Како што во самиот вовед кажав, партнерството е двонасочна улица, треба да се надополнуваме, треба да се помагаме затоа што само на тој начин и вие ќе бидете поуспешни и македонската економија ќе биде поуспешна и македонските граѓани ќе бидат исто така позадоволни, рече Мицкоски.
Аналитика








