ПОВЕЌЕ

    „СТОП“ ЗА КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ НАДВОР ОД ПЛАЖА: Улцињ донесе правило на стартот на летната туристичка сезона, еве каде важи забраната

    Време зa читање: 2 минути

    Локалната самоуправа на црногорското летувалиште Улцињ донесе одлука според која лице кое ќе се најде во костим за капење или без дел од облеката надвор од просторот за капење ќе биде казнето со парична казна од 150 до 500 евра. Во одлуката се нагласува дека новите правила на однесување се воведуваат за заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните површини.

    „Заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредниот изглед на јавните површини, забрането е одење во костим за капење или без дел од облеката на јавни површини во урбани населби, приградски населби и туристички локации на територијата на општина Улцињ, освен во просторите за капење – плажи и непосредното крајбрежје наменето за капење. Одредбата од став 1 се однесува особено на улици, плоштади, шеталишта, пешачки зони, паркови, плоштади и други јавни површини кои не се означени како простори за капење“, се наведува во новиот член од усвоената одлука.

    Вијести од Подгорица известува дека за прекршокот е предвидена парична казна од 150 до 500 евра. Сепак, не е наведено кој ќе одлучува и како, и што одредува дали казната ќе биде 150, 300 или 500 евра.

    Претседателката на Општинското собрание на Улцињ, Ивана Поповиќ, ја сподели оваа вест на својот Инстаграм профил, нагласувајќи дека целта е да се зачува редот, етиката и имиџот на туристичкиот град во текот на летната сезона.

    Таа додаде дека за овој прекршок ќе биде изречена казна од 350 до 500 евра.

    (Фото: Aleyani)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично