ПОВЕЌЕ

    ССМ: „Рацете подалеку од синдикатите!“ – Слободан Трендафилов во „Каде се парите?“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Секој протест на работниците во Македонија неизбежно се толкува низ политичка призма. Дел од јавноста смета дека синдикатите се инструментализираат, додека политичките партии се обидуваат да извлечат корист. Синдикатите, пак, тврдат дека нивната борба е исклучиво за работничките права. Во услови на тензии и најави за протести, се поставува прашањето дали ќе има политизација на незадоволството. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, лидерот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, испраќа јасна и недвосмислена порака до политичките партии.

    „Имам да им порачам и на власта и на опозиција. Рацете надвор од синдикатите, рацете надвор од работничкото движење, рацете надвор од работничката борба. Затоа што ниту едните им учинувате нешто добро на работниците. Да сакате, здружете се во Собрание, изгласајте зголемување на минималната плата, да сакате, ќе донесете одлука дека нема да ги минирате колективните договори, дека ќе ги почитувате без оглед на тоа дали сте власт или сте о опозиција.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично