
Во Македонија расте бројот на несреќи на работното место, а поразителните статистики покажуваат дека системот не функционира како што треба. Наместо превенција, институциите реагираат дури откако ќе се случи трагедија. Градежништвото се издвојува како најризичен сектор, каде најчесто се има смртни случаи. Од ССМ алармираат дека безбедноста се третира како трошок, а не како инвестиција. Во поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, дава брутално директна оценка за вредноста на човечкиот живот во системот.
„Жалосно е тоа што човечкиот живот вреди далеко помалку од 5 или 10 илјади евра во Македонија, а смртта на еден работник вреди помеѓу 5 и 10 илјади евра, затоа што толку е полиса за осигурување, врз основа на која ќе се исплати некој надомест, не знам ни зошто. Тоа што на полето на безбедност и здравјето при работа, треба да се зборува, треба да се применуваат законите, треба инспекциите да ги зајакнат своите капацитети и да направат детални контроли на самиот почеток на градилиштето, затоа што градежништвото е убиец број еден во Македонија.“
Аналитика








