
Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Благица Петрески од Finance Think отвора прашање дали јавните политики ги следат реалните потреби на граѓаните. Таа посочува дека иако политичките дебати најчесто се фокусираат низ прашањата за плати и пензии, анкетите покажуваат поинакви приоритети. Граѓаните не ја препознаваат темата за плати во јавната администрација како клучна. Наместо тоа, во фокус се услугите, особено во делот на грижата за постарите лица и децата. Недостатокот на старски домови и ограничениот пристап до градинки се издвојуваат како сериозен проблем.
„Но, според анкетата, што граѓаните што зборуваат? Граѓаните оценуваат дека темата за плати на јавна администрација, на пример, не е клучна, не е приоритетна. Дури не даваат поддршка за плати на јавна администрација.
Од друга страна, темата за стандард на пензионерите многу повеќе се гледа низ призмата на услуги кои што пензионерите ги добиваат и врз основа на потребата за старски домови. Дали знаете дека во Македонија има само четири старски домови, кои што се јавни старски домови и каде што на таа услуга, колку услугите за стари лица преку старски домови ги сметате за достапни, ги сметаат за исклучително недостапни, за исклучително скапи и за исклучително неквалитетни. Слична услуга, слично е побарувањето и за детски градинки.“
Аналитика








