
Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, економистката Благица Петрески од Finance Think објаснува како глобалните институции ги гледаат можните развои на кризата. Таа посочува дека според Меѓународниот монетарен фонд постои основно сценарио во кое шокот е краткотраен и економијата постепено се стабилизира. Но, паралелно се разгледуваат и две понеповолни сценарија, во кои кризата трае подолго и се прелева врз повеќе сегменти од економијата, како и екстремно сценарио со сериозни структурни нарушувања. Во такви услови расте инфлацијата, се зголемуваат каматните стапки и се забавува економскиот раст. Прашањето е дали веќе се движиме кон едно од тие понеповолни сценарија.
„Второто сценарио, кое што е неповолно сценарио, претпоставува дека времетраењето на овој шок ќе потрае во текот на годината и ќе има прелевање веќе на шокот и на останатите аспекти во економијата.
Односно дека ќе има поширок ефект врз вкупните цени, односно инфлацијата, меѓутоа исто така дека ќе се прелее и врз финансиските пазари, што значи дека финансиските пазари ќе станат позатегнати условите, каматните стапки ќе бидат повисоки затоа што монетарните политики ќе бидат порестриктивни и во ова сценарио, веќе глобалниот раст се намалува на 2,5%, а инфлацијата расте над 5%. Што значи дека во ова сценарио имаме и предвидени канали на пренос на шокот врз вкупната економија и кај екстремното сценарио, значи дека ќе настанат системски нарушувања“
Аналитика








