ПОВЕЌЕ

    Акциите паднаа до 10,96 %, растот застана на 2,90 % – Берзата во јули

    Време зa читање: 2 минути

    Претежно негативни ценовни движења донел јули на Македонската берза, што се совпадна и со падот на МБИ10 за 2,4 отсто. Неколку акции успеаја да забележат раст, со максимум кој не досега до три насто. На листата најголеми губитници се банки и индустриски компании.

    Најголем раст во јули, од 2,90 насто, оствари Аутомакедонија. Просечната цена на акцијата се зголеми од 3.450 денари во јуни на 3.550 денари. Оваа акција и во јуни ја предводеше позитивната листа, но тогаш со раст од 10,58 насто.

    Следува Македонски Телеком, чијашто просечна цена нараснала од 486,49 денари на 499,55 денари, односно за 2,68 насто.

    Меѓу добитниците е и акцијата на Комерцијална банка со регистрираните 0,54 насто. Просекот се зголеми од 26.240,23 денари на 26.383,14 денари.

    Скромен раст бележи и акцијата на Тетекс Тетово. Просечната цена се помести од 1.870 денари на 1.875 денари – за 0,27 насто.

    Листата на акции со позитивен принос ја затвораат приоритетните акции на Стопанска банка Скопје. Растот од 0,13 насто ја зголемил вредноста за еден денар, од 750 на 751 денар.

    Од другата страна, носител на најголемиот пад од 10,96 отсто е ТТК Банка. Просечната цена на акцијата се намалила од 1.300 денари во јуни на 1.157,46 денари во јули. Еден месец претходно, банкарската акција беше меѓу оние со најголем раст (+ 0,78 %).

    Најтргуваната акција во јули – на Алкалоид, загубила 5,27 отсто од вредноста. На 30 јуни имала просечната цена од 24.201,36 денари, а на 31 јули 22.926,15 денари.

    Акцијата на Стопанска банка Скопје заслабнала за 5,00 отсто, односно од 2.000 на 1.900 денари. Вредноста паѓа веќе шест месеци со ред.

    Кај Макстил просечната цена на акцијата се намалила од 122 денари на 116 денари. Падот е означен со минус 4,92 отсто.

    На листата е и акцијата на Макпетрол Скопје. Безмалку 4.300 денари е намалувањето претставено со процентуалниот пад од 3,82 отсто. Просечната цена на крајот од јуни изнесувала 112.398,12 денари, а на крајот од јули 108.100 денари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично