ПОВЕЌЕ

    Март неповолен за инвестициските фондови: нето-вредноста намалена за 17 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Отворените инвестициски фондови го заокружиле март со нето-вредност од 31,2 милијарди денари, односно 505,8 милиони евра. За еден месец изгубиле 17 милиони евра, што претставува негативна промена за 2,95 отсто, што е резултат на зголемените одливи и намалените приливи на средства.

    Во текот на март, според месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност, кај нив се слеале околу две милијарди денари или 32,73 милиони евра. Споредено со февруари, кога приливите биле во износ од 37,19 милиони евра, забележливо е намалување за 12 отсто.

    Наспроти тоа, одливите се зголемени за 34,46 насто и достигнуваат речиси 1,8 милијарди денари, што е противвредност на 28,81 милион евра. Во февруари изнесувале 21,4 милиони евра.

    И покрај ваквите движења, инвестициските фондови третиот месец од годинава го завршиле со позитивна нето-разлика од 3,9 милиони евра. За околу 75,3 отсто помалку во однос на претходниот месец и тогашната позитива од 15,8 милиони евра.

    (Фото: Freepik)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично