ПОВЕЌЕ

    Трипуновски: Расте продукцијата на млеко и јајца, во план поголема бројност на овците

    Време зa читање: 2 минути

    Млекопроизводството забележало раст минатата година. Произведени се 290 илјади литри кравјо и 27 илјади литри овчо млеко, при што е регистрирано годишно зголемување од 2,7, односно од 4 насто. Извесен пад има кај козјото млеко.

    Податоците од анализите на Државниот завод за статистика, ги соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој денес е во Прилеп.

    „Во делот на овчото млеко, произведени се околу 27.000 литри што е за 4 проценти повеќе во однос на 2024 година. Согласно податоците на ДЗС, кај козјото млеко има мал пад“, изјави министерот, посочувајќи дека е зголемено и производството на јајца.

    Продукцијата и бројот на грлата не мора да одат заедно додаде Трипуновски:

    „Не секогаш бројот на грлата треба да ја прати продукцијата, понекогаш може да се зголеми продукцијата иако има стагнација на бројната состојба, бидејќи можеби се работело на генетскиот потенцијал во делот на сточниот фонд, исхрана“.

    Министерот нагласи дека ќе се работи  на тоа, годинава да има повеќе задржани женски јагниња, со што ќе се обезбеди зголемување на бројната состојба на овците во Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично