Во период обележан со постојана нестабилност на пазарот на енергија на глобално ниво, бизнисите сè повеќе бараат предвидливост и стабилност кога станува збор за трошоците за електрична енергија, а еден од најзначајните фактори се и стабилни и загарантирани цени на електричната енергија. Препознавајќи ги овие потреби, ЕДС лансираше нова промотивна кампања насочена кон поддршка на компаниите со финансиска сигурност и дополнителни практични придобивки.
Кампањата воведува модел на електрична енергија со фиксна цена, овозможувајќи им на компаниите подобро да ги планираат своите оперативни трошоци и да ја намалат изложеноста на пазарните флуктуации. Покрај стабилноста на цените, ЕДС нуди дополнителен стимул – клима уред како подарок за клиентите кои потпишуваат или обновуваат 24-месечен договор за снабдување.
Кампањата е дизајнирана да одговори на моменталните пазарни услови, каде што енергијата повеќе не е само компонента на трошоците, туку стратешки фактор во планирањето на бизнисот, истакна Александар Сарџовски, главен извршен директор на компанијата.
„Со оваа кампања, за првпат на пазарот, нудиме долгорочно и загарантирано снабдување со енергија за малите и средни бизниси, со 24-месечна загарантирана, фиксна цена на струјата, што овозможува подобро финансиско планирање и додадена вредност што ги поддржува секојдневните деловни операции“, вели Сарџовски. Со ова, клиентите добиваат заштеда на планот на енергетската потрошувачка и до 40 проценти.
Како дополнителна додадена вредност на целиот промотивен пакет е инвертер клима уредот, кој доаѓа како подарок за клиентите кои ќе го потпишат двегодишниот договор со ЕДС за снабдување со електрична енергија. Самиот клима уред, на познатиот бенд Hisence овозможува поефикасно ладење и греење со помала потрошувачка на електрична енергија, а воедно придонесува и за намалување на загадувањето при замена на конвенционалните начини на греење, истакнуваат од ЕДС.
„Понудата од ЕДС, која е насочена главно кон помали бизис-потрошувачи, со годишна потрошувачка на електрична енергија од околу 100 мегавати годишно енергија и коишто се наоѓаат на регулиран пазар кадешто цената е 18 денари за мегават-час, додека нашата цена е скалесто позиционирана и се движи од 9 до 11,5 денари, во зависност од тоа колкаво количество енергија трошат“, нагласи Сарџовски.
„Голем предизвик за ЕДС, како членка на групацијата PPC беше целата количина на енергија која ќе ја предвиди за оваа кампања беше и веднаш, однапред да ја обезбеди, и тоа го направивме“, рече извршниот директор на компанијата. „Нашите клиенти имаат загарантирано и сигурно снабдување што е мошне важно во време на криза, кога, во минатото се случувало снабдувачите едноставно да исчезнат од пазарот, а клиентот да биде оставен да се снаоѓа како знае и умее“, додаде тој.
Во такви сложени глобални околности, улогата на снабдувачите на електрична енергија станува сè поважна. Компаниите ставаат поголем акцент на изборот на партнери кои можат да обезбедат континуитет на снабдувањето, транспарентни услови и долгорочна сигурност.
ЕДС се позиционира како еден од етаблираните играчи на пазарот, со повеќе од една деценија искуство во снабдувањето и трговијата со електрична енергија. Како дел од PPC Group – најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа – компанијата го истакнува својот пристап до регионалните пазари и својата способност да обезбеди стабилни услови за снабдување.
ЕДС продолжува да развива решенија прилагодени на потребите на бизнисите, фокусирајќи се на флексибилност, поддршка на клиентите и долгорочни партнерства.
Новата промотивна кампања, која стартуваше на првиот ден на пролетта годинава, е достапна за ограничен период и е првенствено насочена кон мали и средни претпријатија кои сакаат да ги оптимизираат своите трошоци за енергија, а воедно да ја одржат оперативната стабилност.
Со оваа иницијатива, ЕДС ја зајакнува својата позиција како снабдувач кој не само што испорачува електрична енергија, туку и ги поддржува бизнисите во справувањето со сè посложен енергетски пејзаж.
Аналитика








