Акционерското друштво во државна сопственост Аеродроми на Република Северна Македонија, преку Македонска берзата објави промени во органите на управување. За нов член е именувана Ангела Саздова – Донева.
Промените се запишани во Централен регистар.
Според податоците од Бизнис Мрежа, Надзорниот одбор е во состав: Бејтула Демири, Мартин Корубин, Целе Најдески, Берат Даути и Ангела Саздова-Донева.
Друштвото во државна сопственост издава деловен простор и ги изнајмува системите за сигнализација на аеродромските писти. Со години работи со загуба – последниот податок е за 2024 година, кога завршниот минус бил 1,4 милиони евра. Гледано наназад, најголемата загуба од над 3,6 милиони евра била регистрирана во 2020 година. Функционира со 13 до 15 вработени, а просечната нето плата (2024) е околу 50 илјади денари.
Аналитика








