ПОВЕЌЕ

    Халк осигурување: Именувани претседател и член на Надзорниот одбор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ибрахим Окан Чаглар е новиот претседател на Надзорниот одбор на Халк осигурување. Во информацијата објавена на Македонска берза, од друштвото соопштуваат за измени во раководните тела.

    „Со Одлука на Собранието на акционери на Друштвото се регистрираа промени кај Надзорниот одбор, односно беше отповикан членот на Надзорниот одбор, г-дин Џунејт Ејин и за нов член на Надзорниот одбор се именуваше г-динот Фатих Каракоч“, се наведува во објавата.

    По овие измени, Надзорниот одбор на Халк осигурување го сочинуваат: Ибрахим Окан Чаглар во својство на член и претседател, членовите Фатих Каракоч, Дерја Хамза Сефери, Садеттин Јилмаз, како и независните членови Халил Ибрахим Јилдиз и Мехмет Танриверди.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично