ПОВЕЌЕ

    Понудата за преземање успешна: Сервис Петрол со удел од 80 % во Фабрика Карпош

    Време зa читање: 2 минути

    Успешна реализација на понудата за преземање на акциите на Фабрика Карпош дадена од страна на Сервис Петрол утврди Комисијата за хартии од вредност. Решението е донесено на седницата што се одржала вчера.

    На овој начин, Сервис Петрол обезбедил сопственост на дополнителни 5,11 проценти од акционерскиот капитал, со кои во акционерската структура има доминантен удел од речиси 80 проценти.

    „Врз основа на оваа понуда, преземачот Сервис Петрол ДОО Скопје се стекна со вкупно 15.270 обични акции, односно 5,11% од вкупно издадените обични акции на издавачот Фабрика Карпош АД Скопје. Заедно со акциите што веќе ги поседува (224.000 обични акции со право на глас) преземачот има вкупно 239.270 обични акции што претставува учество од 79,99% од вкупниот број обични акции издадени од Фабрика Kарпош АД Скопје“, наведено е во објавата на КХВ.

    Осто така, се посочува: „Бидејќи во понудата за преземање не е определен праг на успешност, односно не е утврдена најмала количина обични акции со право на глас на кои се однесува понудата за преземање што треба да биде прифатена, понудата за преземање се смета за успешна“.

    Пред крајот на минатата година Сервис Петрол го купи целиот удел од 74,89 проценти што беше во сопственост на Градежниот институт Македонија. За 224 илјади акции, преку блок-трансакција вложи над милион евра. Набргу потоа уследи прво намерата, а потоа и понудата за преземање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично