ПОВЕЌЕ

    Во услови на криза Ветекс ја одржа финансиската кондиција

    Време зa читање: 2 минути

    Од продажбата на конци за плетење, велешки Ветекс и 2025 ја вброи во деловните години со позитивна завршница. Резултатот е добивка од 18 милиони денари.

    Во комплексни пазарни услови компанијата го одржала финансискиот баланс. За разлика од претходната 2024 година, кога приходите беа зголемени за скоро 170 насто, во 2025 година е забележана стагнација. Компанијата ја завршила годината со вкупни приходи од 369 милиони денари (околу 6 милиони евра), што е минимално намалување од 0,15 отсто. Приливите главно доаѓаат од продажбата на конец за плетење на домашниот и на странски пазари, од каде што се обезбедени 356,9 милиони денари (5,8 милиони евра). Ветекс е долги години присутен на пазарите во Германија, Австрија, Италија, Данска, Холандија, Франција, Швајцарија.

    Како што информираат, од компанијата, на приходната страна дополнително се евидентирани и останати приходи – од осигурителни надоместоци, камати и донации во рамки на проекти поддржани од Владата и од Европската банка за обнова и развој.

    Состојбата на расходната страна останала на истото ниво како и преклани, со трошоци од 348,9 милиони денари (5,67 милиони евра). Расходите се однесуваат првенствено на суровини и материјали, енергенси, како и плати и надоместоци за вработените.

    Паралелно со тоа, компанијата редовно ги сервисирала достасаните кредитни обврски во износ од 13,3 милиони денари, иако во текот на годината имало и нови кредитни задолжувања. Исто така, била исплатена и дивиденда за 2024 година, од 11,3 милиони денари.

    Во текот на минатата година инвестициите во основни средства достигнале 41,9 милиони денари, а дополнителни 14,4 милиони денари се вложени во тековни инвестиции.

    Исполнувањето на планот за производство се одвивало според барањата на пазарот и техничките можности и капацитети на компанијата. „Во услови на економски кризи во работењето, претпријатието успеа да оствари добри финансиски резултати“, велат од Ветекс.

    (Фото: Ветекс – Фејсбук)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично