
Иако јавноста најчесто зборува за еврообврзниците и официјалната бројка на јавниот долг, вистинската закана за фискалната стабилност се крие во т.н. невидлив јавен долг, вели Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот совет, во поткастот „Каде се парите?“. Станува збор за преземени, а нефактурирани обврски кои не се прикажани во официјалните статистики, но во иднина ќе мора да се платат. Овие обврски, според Беџети, го искривуваат реалниот увид во состојбата на јавните финансии и создаваат дополнителен ризик во години со високи доспевања на долг.
НЕВИДЛИВИОТ ДОЛГ НА ДРЖАВАТА
„Инаку, во земјата се прават напори за консолидација во однос на јавниот долг. Ние зборуваме цело време Горан, за формалната граница на јавен долг, што е дефинирано 60% од бруто домашниот производ. Таа варира исто така, зависи и што пресметувате во неа. Мора да бидеме прецизни и јасни во тој дел, дека ние имаме одредена висина на долг што е невидлив долг.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








