Една милијарда евра ќе се задолжи државата преку две еврообврзници со кои излегува на меѓународниот пазар на капитал. И двете се во износ од по 500 милиони евра. Информацијата до која дојде Пари вели дека книгите за упис на потенцијалните инвеститори се отворени и веќе има интерес кој е повеќе од двојно поголем – оди над 2,5 милијарди евра.
Минималната номинална вредност е 100.000 евра. Еврообврзниците се разликуваат според роковите на достасување и каматните стапки.
Четиригодишната обврзница доспева на 21 јануари 2030 година и носи камата од 4,6 проценти. Осумгодишната еврообврзница чијшто рок на доспевање е на 21 јануари 2034 година, на инвеститорите ќе им обезбеди принос од 5,8 насто. Двете обврзници имаат фиксен купон, а каматата ќе се исплаќа еднаш годишно, почнувајќи од 21 јануари 2027 година.
Обврзниците ќе котираат на Лондонската берза.
Аналитика








